Габриел Бајрам, доби казна затвор од три месеци, призна вина за насилство

Советникот во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам, доби казна затвор од три месеци, откако пред Кривичниот суд во Скопје ја призна вината за сторено насилство во угостителски објект во Скопје.

Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.

Неговиот син доби условна казна затвор од три месеци која нема да се реализира доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.

Бајрам, кој веќе помина еден месец во притвор во затворот во Шутка, правосилноста на одлуката ќе ја чека во домашен притвор.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Судење Монструм: На средба кај претседателот со семејствата на убиените деца разбравме дека лидерот на СДСМ им кажал клевети за паднат телефон од полициски службеник -телефонот ми е дома !

Поранешниот советник за национална безбедност Синиша Алексовски, на денешното рочиште за „Монструм“, рече дека имал усна информација од полицискиот…