Судење Монструм: На средба кај претседателот со семејствата на убиените деца разбравме дека лидерот на СДСМ им кажал клевети за паднат телефон од полициски службеник -телефонот ми е дома !

Поранешниот советник за национална безбедност Синиша Алексовски, на денешното рочиште за „Монструм“, рече дека имал усна информација од полицискиот службеник Зоран Трајковски дека има движења на екстремистички групи кои би можеле тие празнични денови да нападнат полициски станици, но дека не му била потврдена.

Алексовски рече дека личното обезбедување на Маја Иванова, полицискиот службеник Оливер Наќевски, инаку прв братучед на Горан Наќевски, татко на убиениот Александар Наќевски, бил посредникот за средбата меѓу претседателот Ѓорге Иванов каде присуствувал и тој и семејствата на убиените кај Смилковско Езеро.

Прва средба се одржа по барања на семејствата на убиените во Кабинетот на претседателот и втората беше неофицијална во домот на Оливер Наќевски. На оваа средба Горан Наќевски, не информираше за средбата со претседателот на СДСМ, каде тој упатил сериозни сомневања за инволвираноста на полициски службеници, вклучувајќи и ме мене дека наводно ми паднал телефон. Тоа е клевета. Тој телефон јас уште го имам дома. Имаше уште една средба каде Горан Наќевски, изрази грижа дека обвинителите ќе бидат заменети, изјави Алексовски.

На прашање од обвинителката Фатиме Фетаи, дали пред настанот имал некакви информаци за нереди, за напад на полициски станици, сведокот Синиша Алексовски, рече дека немал конкретни информации. Конкретно, во писмена форма немавме податок дека ќе се случи кривично-правен настан. Но, пред секој голем верски настан, се преземаа повисоки мерки на безбедност, особено за објектите каде што се собираше поголема група луѓе, а врз база на претходни информации за националистички и екстремистички активности. Имав усна информација со полицискиот службеник Зоран Трајковски дека има движења на екстремистички групи кои би можеле тие празнични денови да нападнат полициски станици. Го прашав дали ова официјално го известил МВР, УБК Куманово и воените структури. Му напомнав дека во овој период на годината секогаш има полуинформации, дека и тие што диво сечат шума наводно биле екстремисти. Му реков само ако ја потврди информацијата, да ми јави. Но, не се случи да ми потврди, изјави Алексовски.

За убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковско Езеро на 12 април 2012 година, денеска сведочеше поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Total
0
Shares
Поврзани објави