Германска манекенка убиена во Израел: Ѝ го ставиле телото на камион и парадирале со него

Жената чие тело членовите на Хамас го ставиле на камион и парадирале со него е идентификувана, пишува Дејли Мејл. Наводно, станува збор за германската манекенка и тату-уметник Шана Лаул (30). Нејзиното семејство ја препознало по тетоважите и фризурата.

Хамас тврдеше дека телото е на израелски војник, но семејството изјави дека дефинитивно тоа е телото на нивната ќерка Шани, борец за мир која присуствувала на музички фестивал во Израел.

За потсетување, вознемирувачките снимки од парадата се раширија на социјалните мрежи, а на нив се гледаат десетици луѓе кои го опкружуваат камионот, викаат и плукаат по телото на жената.

Видеото е веќе прегледано 2 милиони пати на Твитер, а луѓето во коментарите се згрозени од снимката.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети „моќна одмазда“ против Хамас откако палестинското милитантно движење ненадејно ја нападна земјата во саботата, убивајќи повеќе од 300 Израелци и земајќи голем број заложници.

Како што тврдат Израелците, групите на Хамас влегуваат во населбите каде што се движат и киднапираат луѓе, им упаѓаат во куќите и ги палат.

На социјалните мрежи се појавија многу вознемирувачки видеа, а на едно од нив се гледа како Хамас киднапира 25-годишна Израелка од музички фестивал. На една од најтрогателните слики е прикажано момче од Израел, на возраст од околу 5 години, кое терористите го киднапирале и го однеле заедно со неговиот брат.

„Постојано се слушаат експлозии и ни рекоа да не излегуваме од куќите. Бевме изненадени од жестокоста на терористичките напади и буквално се убиваат луѓе на улиците“ – изјави пензионер кој живее во Израел.

Total
0
Shares
Поврзани објави