Голема полициска акција, синоќа бил уапсен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на Општина Центар

На скопскиот аеродром синоќа бил приведен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс. Во акцијата се приведени уште 10 лица поврзани со предметот на поранешното СЈО Око.

На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев.

Неофицијално овие приведувања се поврзани со проектот Скопје 2014, односно поради сомневања за перење пари при набавка на опрема за мостот Око.

Total
0
Shares
Поврзани објави