ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО КИСЕЛА ВОДА Четири лица се повредени, спасено и куче скриено зад радијатор

Четири лица се повредени, во пожар во зграда  во Кисела Вода кој избил доцна синоќа. Во несреќата се повредени двајца станари, еден полицаец и еден пожарникар.

Еден од становите е целосно изгорен, а зафатени од пожарот се уште неколку стана. Жителите на зградата биле евакуирани оттаму и пренесени во општинската зграда, информира градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.

Пожарникарите успеале да го спасат и кучето кое било скриено зад радијатор во станот.

„Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост – напиша Ѓорѓиевски синоќа на Фејсбук.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Одлука на Апелација Салиу пуштен од притвор – здравјето причина за одлуката иако ЈО смета дека може да избега по трагедијата во Кочани

Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврдуваат…