Гори галијата во Вардар

Опожарена една од галиите кој се наоѓаат во реката Вардар во центарот на Скопје. Пожарникари веќе пристигнале на локацијата и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Од противпожарната бригада на Скопје велат дека пожарот настанал во внатрешноста на галијата. Се интервенира со три возила и 12 пожарникари.

Запалената галија е истата која што почна да ја урива поранешниот градоначалник Петре Шилегов. По промената на градскат власт, уривањето запре.

Total
0
Shares
Поврзани објави