Даниловски: Индискиот сој може многу брзо да се рашири и кај нас!

Уште два месеци и доаѓа нов почеток на учебната година во Македонија, а епидемиологот Драган Даниловски во изјава за емисијата „25 минути“ смета дека таа мора да почне навреме.

„Масовна вакцинацијата е единствен спас од новата мутација-индискиот сој на корона вирус, познат како Делта, кој многу брзо може да дојде и да се рашири и кај нас. Младите се најголем ризик фактор од пренесување и тие треба да се вакцинираат бидејќи преку дружење може да го шират вирусот кој е многу позаразен и тешко се распознава зашто личи на потешка настинка. Учебната година мора да започне навреме, со сите протоколи за децата настава со физичко присуство за да се искористи топлото време бидејќи не знаеме што не чека од октомври“, смета Даниловски.

Total
0
Shares
Поврзани објави