Данска одлучи да протера 15 руски дипломати

„Не сакаме руска шпионажа на данска почва. Затоа сега ги депортираме од Данска“, рече данскиот министер за надворешни работи кој наведе оти протераните 15 руски дипломати шпионирале на данска територија, но рече оти не може да коментира за природата на шпионажата

Данска одлучи да протера 15 руски дипломати од земјата, кои имаат рок од 14 дена да ја напуштат државата, соопшти денеска данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод.

Данските медиуми посочуваат оти станува збор за 15 руски разузнавачи регистрирани како дипломати кои работеле во руската амбасада во Копенхаген.

„Мора да излезат што е можно поскоро. Им се дава можност да ги земат своите работи и да ја напуштат земјата. Ова се смета за разумно предупредување. Не сакаме руска шпионажа на данска почва. Затоа сега ги депортираме од Данска“, вели шефот на данската дипломатија.

Министерот за надворешни работи наведува оти протераните руски дипломати шпионирале на данска територија, но рече оти не може да коментира за природата на шпионажата.

„Тоа е историски чекор што го правиме од данска страна. Но, тоа го правиме и во согласност со голем број европски земји бидејќи сакаме да ја заштитиме нашата безбедност и сигурност. Не сакаме руска шпионажа во Данска“,вели шефот на данската дипломатија Јепе Кофод.

Овој потег уследи откако Франција и Германија во понеделникот најавија протерување на десетици Руси со дипломатски статус.

Total
0
Shares
Поврзани објави