Двајца возачи загинаа во несреќата на патот Гостивар-Кичево

Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи) се случила сообраќајна несреќа.

Во неа учествувале две патнички моторни возила:„ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.

„Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош“, велат од МВР.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Total
0
Shares
Поврзани објави