Денеска е Велипеток, денот на страдањата и смртта на Исус Христос

Православните христијани денеска го одбележуваат Велипеток, денот на страдањата и смртта на Исус Христос.

Според преданијата, Исус починал во шестиот час од денот кога завесата на ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се затемнило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале.

Оттогаш не бијат дрвени ѕвона на Велипеток, камбаните не се огласуваат сѐ до недела кога првпат ќе ја означат радоста за Христовото воскресение.

Овој ден уште се вика и Распет петок зашто тогаш е распнат Исус Христос.

На овој ден црквата предвидува строг пост, само со вода, а многу верници на Велипеток ништо не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи на поле, а ниту во домот. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт – нема воскресение.

Total
0
Shares
Поврзани објави