Димитров за измените на Кривичниот законик: Од нема правда – нема мир, дојдовме до нема казна – нема одговорност

Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања.

Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години.

Во врска со овој предлог се огласи и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

– Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“ преку измени на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце, со што овие кривични дела ќе застаруваат побргу. Значи ќе ја зацементираат неказнивоста со европско знаменце? Ваква злоупотреба на сѐ „европско“ ќе влезе во учебници! Измените се туркаат на мала врата, покрај други измени за кои се наведува основ во европски директиви, но во образложението за измените нема никакво објаснување за намалувањето на казните за овие две кривични дела. Од нема правда нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност – напиша Димитров.

Total
0
Shares
Поврзани објави