Директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми доби кривична пријава

Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полиција сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања, како и кривично дело „насилство“, Основното јавно обвинителство поднело кривична пријава против директорот Арафат Муареми, ексклузивно дознава НетПрес кој има увид во соодветите документи.

Неофицијално, Муареми во јавноста се споменува како дел од случаи за кои се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал за вршење притисок врз правни субјекти кои биле рекетирани и уценувани да исплатат „црни пари“, а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив.

Јавното обвинителство против организиран криминал и корупција изврши претрес во Управата за финансиска полција, а Муреми потоа поднесе претставка против обвинителката Вилма Русковска.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина маестро Џамбазов

Денеска почина Александар Џамбазов. Веста ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно,…