Островот Евија во Грција гори, апокалиптични сцени на кои сведоци се патници кои со бродови минуваат во близина на островот. Досие и неговите пријатели беа сведоци на овие глетки кои истовремено се и страшни и неверојатни.



Пожарникарите веќе седум дена се борат со катастрофалниот пожар, кој досега изгоре повеќе од половина милион хектари земја и уништи илјадници згради.
Населбите на грчкиот остров се опкружени со оган, пишува „Катимерини“, додавајќи дека ситуацијата во јужниот дел се уште е мирна.
Грчките пожарникари, со помош на 200 колеги од Украина и Романија и локални жители, како и воздухопловните сили, го гаснеа пожарот на потегот Фаракла-Спатари-Каливија-трупа цела ноќ. На помош им пристигнаа и српските пожарникари.
Фото – видео сопстевност на Dosie.mk