„Железници Транспорт“ остана без струја – на ред е Клинички центар

ЕВН утринава ја исклучи струјата во „Железници Транспорт“ поради неплатен долг од 6,5 милиони евра. Како што најавија од ЕВН претходно, ќе бидат исклучени сите државни институции кои со години не плаќале струја. На ред за исклучување е Клинички центар.

„Рано утринава се исклучени мерните места на МЖ Транспорт. Без снабдување останаа сите делови кои се напојуваат од Електродистрибуција“,потврдија од ЕВН.

Од „Железници Транспорт“ за МИА потврдуваат дека нема струја во депото во Лисиче во Скопје и во објектите во Велес.

Оттаму најавуават дека исклучувањето на струјата ќе повлече и прекин на сообраќајот што ќе се случи откако ќе биде потрошена нафтата во возовите. Без објектите каде е исклучена струјата, појаснуваат, не може да функционира претпријатието, бидејќи тука се снабдуваат возовите со нафта, а пумпата работи на струја.

Како што веќе најави ЕВН, денеска до пладне ја чека писмената гаранција од владата дека ќе го плати долгот на Клиинички центар.

Долгот на Клинички за период од 3 години е повисок од 7 милиони евра.

Владата најави дека ќе го плати целиот долг на јавниот секотор кон ЕВН кој изнесува 40 милиони евра.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Мајката на Јелена која загина во сообраќајка била зад воланот на мостот „Гоце Делчев“, каде смртно настрада пешак

Нова трагедија во кумановското семејство Филиповиќ. Како што дознава „Слободен печат“, во сообраќајката во која денеска загина пешак на мостот…