Заев не ја прифати оставката на Филипче

Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица. Тој рече дека тие спасиле илјадници животи со нивниот ангажман, по што посочи, дека затоа им ја дава довербата.

Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи. Нема да дозволам политизирање на трагедијата во тетовската болница. Ние политичарите не смееме да го толкуваме извештајот на вештите лица. Откриена е причината за пожарот и таа јавно објавена. Дадов насоки до МЗ да се направат контроли во сите болници. Доколку има човечка одговорност тоа е на кривичните органи, рече Заев, посочувајќи дека оставките биле од морална одговорност.

Одлуката Заев ја донесе откако Обвинителството кажа како настанал пожарот во тетовската модуларна болница во која загинаа 14 лица.

Јавното обвинителство денеска ги објави причините за пожарот во модуларната болница. Според вештачењето пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица на прегревање на кабел на дефибрилатор, по што се запалил продолжениот кабел на кој биле приклучени дефибрилаторот, полнач за мобилен и уште еден апарат.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Инциденти и судири во српското Собрание, фрлени димни бомби и солзавец, пратеничка се бории за живот по мозочен удар повредена бремена пратеничка

Седницата на Народното собрание на Србија, на која се очекуваше претставниците да ја констатираат оставката на премиерот Милош…
Повеќе

Почина Амди Бајрам

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Бајрам имаше проблеми со срцето и патеше од диабет, а посмртно…