Заложничка драма на аеродромот во Хамбург

Се уште не е завршена заложничката драма на аеродромот во Хамбург, Германија, која започна во текот на вчерашната ноќ. Аеродромот е затворен откако вооружен маж упадна на пистата со автомобил. Во автомобилот се наоѓаат две лица, вклучувајќи и дете.

Сите летови се во прекин. Полицијата соопшти дека е во контакт со 35-годишниот возач, кого сопругата го пријавила за киднапирање на нивното четиригодишно дете.

„Веруваме дека во позадината на ситуацијата е спор околу старателство“,се вели во соопштението на полицијата.

Осомничениот двапати истрелал во воздух и фрлил запалени шишиња од автомобилот откако ја пробил безбедносната ограда на пистата.

„Во моментов имаме статична заложничка ситуација. На терен се специјални сили и психолози специјализирани за преговарање“,соопшти полицијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се пука во Косово

Пред повеќе од половина час одекна рафал од огнено оружје и најмалку една детонација во поширокото подрачје на…