Лавров: Не сакам да верувам дека може да започне нуклеарна војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска за медиумите изјави дека не верува оти воениот конфликт во Украина може да доведе до нуклеарна војна.

„Не сакам да верувам и не верувам дека може да започне нуклеарна војна“,рече Лавров за новинарите на прашањето дали може да се очекува нуклеарна војна.

Лавров ова го изјави по денешните разговори со украинскиот колега Дмитро Кулеба во Турција, кои не донесоа договор за прекин на огнот.

На новинарско прашање за потенцијален руски напад на поранешните советски балтички држави, Лавров рече дека тоа се „лажни вести“ и тоа нема да се случи бидејќи „Русија не ја нападнала ниту Украина.

Рускиот министер за надворешни работи рече дека претседателот Путин не би одбил состанок со колегата Володимир Зеленски, на кој би се разговарало за „одредени прашања“.

Total
0
Shares
Поврзани објави