Запленети речиси 2 илјади брендирани парчиња со потписот на Луи Витон, Диор и Мајкл Корс

Речиси 2 илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. Пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што  во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети.

Царинската управа има значајна улога во заштита на правото од интелектуална сопственост и спречување нелегална трговија со фалсификувани производи и оттаму во континуитет презема мерки за спречување на ваквите криминални појави.

Царинска управа

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

И денеска нема леб

И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот…