Струјата не поскапува за првите два блока, но дел од сметките ќе бидат повисоки

Од Нова година сметките за струја ќе бидат различни. Струјата поскапува, но мрежарината поевтинува, па како епилог на тоа, Регулаторната за енергетика пресметала дека струјата во првиот блок ќе поевтини, во вториот останува иста, а во третиот и четвртот ќе биде повисока. Се воведува и нова ставка „пристап до мрежа“ за сите корисници од 200 денари месечно, што ќе значи поскапување за куќите и становите во кои не живее никој или трошат многу малку струја.

Просечно семејство со просечна потрошувачка на струја и од нова година ќе плата исти сметки за струја како и досега, соопшти претседателот на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на 26 декември.

Струјата поевтинува за првиот блок за 5,16 отсто, во вториот блок и евтината струја остануваат исти, а за третиот и за четвртиот блок струјата поскапува. Во третиот за 2,88 отсто, а во четвртиот за 1,86 отсто.

Сметките за струја на граѓаните сега се поделени во четири блокови за скапа струја, евтината не се дели во блокови. Тие што трошат повеќе скапа струја, плаќаат повеќе.

Околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок на потрошувачи. Но, во зимските месеци, оние кои се греат на струја, лесно може да преминат во следен блок. Така во ноември во споредба со октомври, 10 илјади домаќинства од првиот и вториот блок преминале во повисоките блокови.

Total
0
Shares
Поврзани објави