Запленето оружје во скопско Љубанци

Полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода 62-годишниот Д.Ч. од скопското село Љубанци, информираа од МВР.

Според полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка

Total
0
Shares
Поврзани објави