Застаре и „Траекторија“ – повлечено обвинението против Груевски, Пешевски, Јанакиевски и Ѓорѓиевски

Обвинителката Лиле Стефанова го повлече обвинението за случајот со кодно име „Траекторија“ кое се однесува на изградбата на кинеските автопати.

Во случајот, за злоупотреба на службената положба обвинети беа поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и тогашниот директор на Улици и Патишта, Љупчо Ѓоргиевски.

Стефанова рече дека тоа го прави заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалија казните па застареле и киќривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите.

Судењето за овој предмет почна во 2018. година и никогаш не доби првостепена пресуда.

Обвинителството не успеа до го докаже ни предметот за прислушувањето откако од истите причини застаре предметот Таргет Тврдина па судот не задолжи нас граѓаните да му ги платиме судските трошоци на Сашо Мијалков за овој случај.

Total
0
Shares
Поврзани објави