Земјотрес со магнитуда од 6,2 Рихтерови степени и уште неколку послаби потреси во изминатите неколку часа го погодија Истанбул. Нема информации за жртви и за урнати згради, но локалните власти го повикаа жителите да не се враќаат во оштетени згради или куќи и да не ги користат мобилните телефони освен ако не им е неопходно.
Едно лице е повредено кога во паника скокнало од прозорец. Илјадници вознемирени луѓе се по улици.
Најсилниот потрес од 6,2 степени бил регистриран во 12.49 часот по локално време. Само две минути подоцна удрил од 5,0 степени, а во 13.02 часот уште еден со ист интензитет.