Златни хумани дечиња од Гевгелија: По примерот на Нина продаваат крофни за да ја спасат другарката Луна

Во трогателен чин на љубов и поддршка, храбрата Нина Нинковиќ од Нови Сад продаде стотици крофни за да собере средства за лекување на нејзиниот татко Зоран Нинковиќ и стана феномен на Балканот.

Нејзиниот пример решија да го следат и неколку златни деца од Гевгелија, и на гевгелискиот плоштад продаваа крофни и лимонада, како и колачи за да соберат парични средства за лекувањето на нивната другарка Луна.

Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Таа е најчовечната особина, доблест за секој поединец. Таа е дел од принципите на еден граѓанин. Дел од животната етика.Чувството да спасиш човечки живот е непроценливо.Да се помага, да се прават добри дела во секој потребен момент, да се биде хуман,за спасен живот нема цена.Овие дечиња: Силвија,Марија и Петар хуманоста не ја учеле од книга едноставно ја поседуваат во својот дух од мали нозе.Родители гордејте се на вашите ангелчиња. Среќна сум што ги запознав и ме направија среќна во овие мои тешки денови поминати во солзи. Бескрајно сум ви благодарана од ❤️💙❤️ .

Благодарност и до нашите сограѓани кои одвоиа време и сретства да ги вкусат колачите на Силвија во JuMi,крофните на Марија и прекрасните слатки на Петар во кој учествувал и нашиот мал Дамјан на плоштадот и прекрасните кифличли и прородната лимпмада од пекара Вегера. Утре повторно на слатки и крофни во 19h

Ве сакам златни деца 🥰

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

22-годишна студентка од Дебар, е најдобар студент на Универзитетот во Бристол, Англија, од областа на клеточна и молекуларна медицина

Доника Клења, 22-годишна студентка од Дебар, е најдобар студент на Универзитетот во Бристол, Англија, од областа на клеточна…