22-годишна студентка од Дебар, е најдобар студент на Универзитетот во Бристол, Англија, од областа на клеточна и молекуларна медицина

Доника Клења, 22-годишна студентка од Дебар, е најдобар студент на Универзитетот во Бристол, Англија, од областа на клеточна и молекуларна медицина, а пред еден месец ги започнала докторските студии во Данди.

За тоа како се стекнува титулата најдобар студент, за мотивацијата, студиите и наградите, во интервјуто за Факултети.мк младата Клења вели: Во текот на првата година имав највисока просечна оценка во рамките на клеточна и молекуларна медицина и ми беше доделена наградата Ede and Ravenscroft. Истата година бев најдобра студентка на факултетот за животни науки, со што ја заслужив наградата Alumni Academic Achievement Award. Во втора година ја добив првата награда и во клеточна и молекуларна медицина, како и првата награда на факултетот – Mark and Dare и Faculty Undergraduate Prize. Меѓутоа, во трета година, кога почнaвме да специјализираме во различни области, наградите беа дoделувани врз основа на највисокиот просек во областа на специјализација, така што ја добив наградата Lucy Brown како најдобар студент на додипломски студии во последната година бидејќи се занимавам со студии за малигни заболувања.

Кога се роди твојата љубов кон медицината?

– Медицината е многу широка област и на различни луѓе им се допаѓаат различни гранки. Во Македонија имаме студии за општа медицина, но немаме специјализиранa програма која овозможува медицинско истражување на клеточно и молекуларно ниво. На 11-годишна возраст ја изгубив мојата сакана баба од карцином на панкреас, еден од најсмртоносните видови карциноми. Со оглед на тоа колку бев блискa со неа, овој настан ми откри колку е важна медицината и станав љубопитна за етиологијата на карциномот. Растев со силна желба да го следам ова поле и еден ден да придонесам во потрагата по лек за болеста за која бев учена дека е неизлечлива.Добив силна амбиција да го продолжам моето високо образование во оваа област во странство. Велика Британија беше мојот сон поради тоа што има глобална истражувачка извонредност и традиција во медицинските науки, а секако и поради кариерните можности што ги нуди, особено во науката и во здравството.

Кои се предностите на студирањето во странство и придобивките од студирањето на престижниот Универзитет на Бристол?


– Студирањето во странство не е само за стекнување можности, како престижна диплома и квалитетно образование, туку е и шанса да се надминат личните граници и со тоа да се постигне повеќе отколку што и самите очекуваме. Тука талентот секогаш се вреднува, а истовремено учиш како да живееш самостоен живот и да бидеш сам свој херој. Животот во странство те збогатува и така што те изложува на различни култури и луѓе од цел свет. Почнуваш да го гледаш светот со нови очи, ги прошируваш хоризонтите и ги рушиш границите околу себе.Дипломата од Универзитетот во Бристол e како златен печат за моето сиви кога станува збор за аплицирање за работа. Има повеќе причини, од кои едната е самиот престиж на Универзитетот, но за да се стане успешна фигура во областа на медицината/медицинското истражување, потребна е и добра обука, а тоа е нешто што го обезбедуваат престижните универзитети.
Градот е многу посебен и му се восхитуваат сите во Обединетото Кралство. Добро е познат и по тоа што обезбедува одличен студентски живот.

intervjuto prodolzuva na fakulteti.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(ВИДЕО) Познатиот јутјубер Стефонатор со солзи радосници: „Го победив туморот, се чувствувам како да ми започнува втор живот“

По втората операција на туморот, како и снимањето на ПЕТ скен, познатиот јутјубер Стефонатор објави убава вест, дека е излечен…