Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти

Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на вчерашниот концерт, кој Општина Тетово го организираше по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.

Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши.

Пред концертот на публиката и се обратија и Албин Курти и Биљал Касами.

-Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин.

Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден.

Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Северна Македонија, истакна од говорницата Албин Курти.

Претходно во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Билал Касами заедно потоа го посетија планинското село Вејце.

Двајцата се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово – Призрен кој би минувал низ Шар Планина.

Фото: ФБ Биљал Касами .

Извор: МИА

Total
0
Shares
Поврзани објави