Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Цветанка и Лефтер Андонови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот “Сириус“ во Струмица. Тие, со нивната маска „Хипици“, вечер (18:30 часот) заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. Од претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов тие добија медал „Струмички карневал“ и пригодни подароци.

На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 48 групи во различни категории со учесници од земјава, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција и Турција, како и од повеќе градови во државата, а карневалската поворка се очекува да трае над 3 часови. Маските ќе ги оценува жири комисија, која во различни категории ќе додели награди на најуспешните.

Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.

Total
0
Shares
Поврзани објави