Изводи се издаваат само во итен случај- снаа и свекрва склучиле брак , многу грешки во работата на матично – штрајкот продолжува

Вработените во Управата за водење матични книги нема да го прекинат штрајкот пред да се исполнат нивните барања.

Од таму велат дека се издаваат изводи за новородени, починати и венчани само во итни ситуации.

Сител објави дека извештајот за работата на Управата покажува дека само во 2019 година се издадени вкупно 21.957 погрешни изводи, а граѓаните велат дека мораат неколку пати да одат за една иста работа.

Таков случај е и склучениот брак меѓу снаа и свекрва.

„Поради грешка во изводот на венчани е наведено дека брак склучиле сестра ми и нејзината свекрва. Денес е упитно како ќе го пријават бебето во матичната книга на родени. Нека штрајкуваат они – барем нема да прават грешки“, вели граѓанка.

Од синдикатот, пак, посочуваат дека тие не грешат, туку ги исправаат грешките што ги затекнале по осамостојувањето на институцијата во 2010 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави