Израел ја врати контролата над границата со Газа, се подготвува копнена офанзива

Израел воспостави целосна контрола врз границата со појасот газа. Хамас се закани дека ќе ги убие заложниците. Војната на блискиот исток од ден во ден добива се поголеми размери. По неколкудневни битки со милитантите на хамас, израелската војска конечно ги ослободи териториите долж границата со појасот Газа а во борбите загинале најмалку 1500 милитанти на Хамас.

На границата се распоредени 35 баталјони во исчекување на голема копнена операција на израелската армија.

„Знам дека сите сакаме резултати веднаш, сепак ќе треба време. Но ви ветувам, на крајот на оваа кампања, сите наши непријатели ќе знаат дека е огромна грешка нападот врз Израел. Она што ќе им го направиме на нашите непријатели во следните денови, ќе остане со нив со генерации.“ – изјави Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел.

Претставници на Хамас  велат дека организацијата е отворена за мировни преговори со Израел, бидејќи ги постигнале своите цели. Но, и покрај ваквите најави, милитантите се заканија дека ќе егзекутират по еден заробеник доколку израелската авијација продолжи со нападите. Групата, кој викендов изврши голем напад врз Израел, тврди дека држат во заложништво повеќе од 130 израелци и лица други националности.

„Ќе почнеме со јавна егзекуција на заробениците ако бомбардирањето продолжи без никакво предупредување.“ – изјави изјава портпарол на Хамас.

Во меѓувреме, бројот на загинати и повредени и на двете страни постојано расте. За четири дена борби меѓу Израелската армија и Хамас, загинаа речиси 1500 лица а 6000 илјади се повредени. Преку 130 илјади се принудени да се кријат во засолништа.

„Ја слушнавме сирената а веднаш потоа следуваше и експлозија. Целата куќа се тресеше.“ – вели Офир Шаша жител на Израел.

„Израелската армија ја погоди зградата без никакво предупредување. Не ни кажаа да се евакуираме, не ни кажаа ништо.“ – вели Ахмед Шамалак жител на Палестина.

Од Соединетие Американски Држави велат дека почната е испорака на муниција и воена опрема за Израел…Во моментов, Пентагон ги прегледува своите резерви за да види што друго може брзо да испрати, за да го зајакне својот сојузник во војната со Хамас. 

„Целосно очекуваме дека ќе има дополнителни барања за безбедносна помош за Израел бидејќи тие продолжуваат да трошат муниција во оваа борба. Ќе бидеме во чекор со нив, внимавајќи да ги исполниме нивните потреби најдобро што можеме и што е можно побрзо.“ – изјави Изјава  Џон Кирби портпарол на Советот за национална безбедност.

А после најавата на Израел за целосна блокада на појасот Газа, од обединетит нации предупредуваат дека ваквата одлука само дополнително ќе ја влоши и онака кревката состојба во регионот.

Првиот човек на организацијата, Антонио Гутереш  вели дека последното насилство не било случајно, туку е резултат на долгогодишен конфликт и окупација долга 56 години, без политичко решение на повидок.

Total
0
Shares
Поврзани објави