Илјадници луѓе се понудија да го посвојат бебето Аја, кое кога го пронајдоа спасувачите во Сирија се уште беше поврзано со папочна врвца со нејзината мајка

Илјадници луѓе се понудија да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините на урната зграда во северозападна Сирија, по земјотресот во понеделникот.

Кога била спасена, бебето Аја (што значи чудо на арапски) сè уште било поврзано со папочна врвца со нејзината мајка.

Мајка и’, татко и’ и сите четири нејзини браќа и сестри загинаа по земјотресот што го погоди градот Џиндарис. Аја сега е во болница.

„Таа пристигна во понеделникот во толку лоша состојба, имаше отоци и модринки, беше ладна и едвај дишеше“, рече за ББС Хани Маруф, педијатарот што се грижи за неа. Аја сега е во стабилна состојба.

Видеата од спасувањето на Аја станаа вирални на социјалните мрежи. На снимката се гледа како маж излегува од урнатата зграда и држи бебе покриено со прашина.

Калил ал-Сувади, далечен роднина, кој бил таму кога ја извлекле на безбедно, го донел новороденчето кај доктор Маруф во сирискиот град Африн.

Илјадници луѓе на социјалните мрежи  веќе побараа за да ја посвојат.

„Би сакала да ја посвојам и да ѝ дадам пристоен живот“, изјавила една личност.

Водителка на кувајтската телевизија рече: „Подготвен сум да се грижам и да го посвојам ова дете… доколку законските процедури ми дозволат тоа“.

Менаџерот на болницата, Калид Атиа, вели дека добил десетици повици од луѓе ширум светот кои сакаат да го посвојат бебето Аја.

Д-р Атија, има само четири месеци постара ќерка од Аја, рече: „Нема да дозволам никој да ја посвои сега. Се додека не се врати нејзиното далечно семејство, ја третирам како моја“.

ПОКРАЈ НИВНАТА ЌЕРКА ЗАСЕГА НЕГОВАТА СОПРУГА ЈА ДОИ И АЈА.

Во родниот град на Аја, Џиндарис, луѓето бараат најблиски низ урнати згради.  Се проценува дека 90% од градот е уништен, а најголемиот дел од помошта досега била од локалното население.

Total
0
Shares
Поврзани објави