Најмалку 60 лица загинаа во пожар во зграда во Јоханесбург

Најмалку 60 лица загинаа кога пожар ја зафати повеќекатната зграда во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, соопштија службите за итни случаи.

Портпаролот на службата за итни случаи изјави дека уште 43 лица се повредени во пожарот што избувна во претпладневните часови, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Најмалку едно дете е меѓу загинатите, рече портпаролот. Тој објасни дека зградата всушност била „неформална населба“ каде што бездомниците се преселиле барајќи сместување без никакви официјални договори за закуп.

Можеби во зградата живееле околу 200 луѓе, велат очевидци.

Total
0
Shares
Поврзани објави