Исходот од постапката за одговорност ќе ја одреди иднината на македонското судство, порача претседателката на Врховен

Во своето излагање, членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа, кој ѝ го иницираше барањето за одговорност на Адеми, појаси дека се бара одговорност од претседателката на Врховниот суд по две точки.

Првата е затоа што не се појавила на дури 21 седница на Судскиот совет, во периодот од мај до октомври годинава. Втората е затоа што не дошла на работниот состанок на 6 ноември, на кој ја повикале откако во медиумите зборуваше за политички притисоци во врска со аболициите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Адеми беше кратка во своето излагање, во кое порача дека исходот од оваа постапка ќе ја одреди иднината на македонското судство.

НЕКОЈ ЌЕ РЕЧЕ ДЕНЕСКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ОБИЧНА РАСПРАВА. ЗА НАС ОВА НЕ Е ОБИЧНА РАСПРАВА. ЗА НАС ОВА Е ЗНАЧАЕН, ИСТОРИСКИ ДЕН ОД ПРИЧИНА ШТО ОД ИСХОДОТ НА ОВАА ПОСТАПКА ЌЕ СЕ ИСЦРТААТ ПАТОКАЗИТЕ ПО КОИ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ПРАВОСУДСТВОТО ВО ИДНИНА. НЕКОЈ ЌЕ РЕЧЕ ОВА Е БОРБА НА БЕСА АДЕМИ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД, НО ОВА Е БОРБА НА ЦЕЛОТО ПРАВОСУДСТВО ЗА НЕГОВАТА НЕЗАВИСНОСТ. ТУКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОСТАПКА ЗА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЈВИСОКИОТ СУД НА ДРЖАВАТА, ПА ПОРАДИ ИСТОТО ОВАА ПОСТАПКА ГИ ТАНГИРА СИТЕ ЧИНИТЕЛИ НА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ“, РЕЧЕ ПАВЛИНА ЗЕФИЌ-ЈАКИМОВСКА, АДВОКАТКАТА НА АДЕМИ.

Постапката за утврдување одговорност иако според законот е од доверлив карактер, сепак Адеми побара на неа да присуствуваат и медиумите, што ѝ беше одобрено од Судскиот совет

Total
0
Shares
Поврзани објави