Кавадарчанец провалил во домот на поранешната партнерка и крвнички ги претепал неа и нејзината шестгодишна ќерка

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија отпочна истражна постапка и нареди 30-дневен притвор за кавадарчанец кој е осомничен за насилство врз жената со која порано бил во љубовна врска и нејзината шестгодишна ќерка.

Во описот за конкретниот случај, од Обвинителството велат дека на насилството му претходел период во кој осомничениот повеќепати ѝ пишувал заканувачки пораки на оштетената преку апликацијата Вибер велејќи ѝ дека ќе ја повреди и ќе ја убие зашто таа претходно му кажала оти повеќе не сака да има контакт со него.

Ситуацијата ескалирала кога на 16 јануари, од својот дом во Кавадарци, оштетениот со своето возило отишол во селото Мрзенци, Гевгелиско, и се упатил кон семејната куќа каде што живеела оштетената. Кога стигнал пред куќата, тој ѝ се јавил на оштетената за да ја отклучи влезната врата.

Откако жената одбила, осомничениот со нога ја скршил вратата и влегол во куќата.

„Веднаш се качил на горниот кат каде што во спалната соба оштетената спиела со својата шестгодишна ќерка и ја удрил со бокс во пределот на лицето.  Во тој момент се разбудило и девојчето и почнало да плаче, па оштетената ја дигнала во рацете. Осомничениот замавнал кон нив и го удрил девојчето во пределот на лицето. На оштетената ѝ го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош. Потоа повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави во пределот на вратот, додека за цело време нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка ѝ“,се вели во описот на Обвинителството.

Кавадарчанецот потоа ја фатил за коса оштетената и со влечење ја симнал на долниот кат од куќата, при што нејзината ќерка почнала да фрла со портокали кон осомничениот со цел да го натера да ја пушти жената. Тој, пак, ја дигнал малолетничката и силно ја фрлил на седечката гарнитура во дневната соба.

„Потоа се качил на горниот кат, каде што ги кршел и расфрлил сите предмети. Тој момент го искористила оштетената која целата во крв, боса, ја зела својата ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители“,додаваат од ОЈО Гевгелија.

Поради насилството, жената се здобила со потешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе исеченици, контузии и хематоми по целото тело. Со гребнатини, модрици и хематоми се здобила се здобила и нејзината шестгодишна ќерка, а и кај двете, според Обвинителството, осомничениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кое резултирало со многубројни психички трауми особено кај девојчето.

Total
0
Shares
Поврзани објави