Исчезна 15 годишно дете од Скопје – родителите молат за информации

15 годишно дете од населбата Чаир од Скопје е исчезнато и семејството моли за информација и помош од граѓаните преку социјалните мрежи.

Момчето последен пат е видоно во текот на вчерашниот ден попладне. Но од 16 часот му се губи секој траг. Родителите случајот веднаш го пријавиле и во МВР и по момчето се трага.

Апелот за помош во пронаоѓањето го објави и фејсбук страната „Скопје“

„Од вчера, во 16 часот, ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу, има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки! Ве молиме да нè информирате доколку сте го виделе некаде, контакт: 071 289 129“, се вели во објавата.

„На (12.07.2023) во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар Л.Ф.(49) од Скопје  пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син Ф.Ф.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, велат од МВР

Total
0
Shares
Related Posts