Клубот Цар Борис трети сместен до куќата каде бил “Прекот суд” на фашистичка Бугарија

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид именуван по Цар Борис Трети кој беше фашист и сојузник на Адолф Хитлер, е лоциран во чаршијата и тоа во непосредна близина на куќата каде во Втората светска војна бил сместен „Прекиот суд“ на фашистичка Бугарија каде по брза постапка се носеле пресуди со бесење против противниците на окупацијата и истакнати комунистички и партизански водачи. 

На само две куќи од т.н. културен клуб „Цар Борис Трети“ се наоѓа куќата во која бил „прекиот суд“, а спомен плочата сведочи дека тука и познати антифашисти и борци против окупацијата биле осудени како, Лазар Колишевски, Петре Пирузе, Кирил Главинчев, Андон ДУков, Јаким Сприовски.

Инаку, т.н. културен клуб „Цар Борис Трети“ ќе биде отворен денеска. Таму се наоѓаат бројни полициски сили бидејќи во организација на Левица е закажан протест, а на протестот со повик до граѓаните се придружи и ВМРО-ДПМНЕ.

фото : Dosie

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Копал гроб, откопал граната

Вработен во погребалниот сервис „Бутел“ вчера пронашол граната додека копал за гробно место на гробиштата од црквата Св.…