“Изминатава вечер (среда кон четврток) нашиот продажен салон Проспорт, на ул. “Дебарца” бр.13, за жал беше огрaбен.
При самата кражба низ скршеното стакло од влезната врата се изнесени неколку велосипеди од висока вредност.
Доколку знаете нешто повеќе за случајот, или пак ги имате здогледано во текот на ноќта или можеби ги препознавате луѓето од приложениве слики би Ве замолиле да ни се обратите тука или телефонски на 023212108, за полесно и побрзо да ги најдеме. Ви благодариме на помошта и поддршката, секоја трага, информација и секое ваше споделување на објавава ќе ни значат навистина во потрагата по разбојнициве”.
Оваа информација со неколку фотофрафии ја сподели фирмата Про спорт од каде се украдени велоспиедите. Во Скопје редовно се крадат велосипеди од влезови во згради или дворови. Полицијата ретко да открие некој од крадците , а оттаму одговорот скоро секогаш е дека истрагата е во тек. Не е прв пат граѓани да доставуваат снимки или фотографии од крадците , но наоѓањато на украден велосипед е скоро невозможно.
Поврзани објави
Протест во Битола против полициска бруталност и неказнивоста
Денеска во Битола неколку невладини организации и здруженија организираа протест против полициската бруталност. Протестот започна кај поштата, каде…
Одземен пасошот на Вранишковски
Завчера на граничниот премин Меџитлија кај Битола, Министерството за внатрешни работи му го одзела пасошот на егзарх Јован…
Се јави Шади Салех: По грешка сум на списокот од болницата – пронајден осмиот мистериозен патник
Бугарските медиуми доцна синоќа објавија дека е разоткриена мистеријата зошто има несовпаѓање меѓу списокот на повредени во несреќата…
Фото: Што ли си кажаа? Пендаровски, Мицкоски и Заев на едно место
Целиот политички врв Пендаровски, Мицкоски и Заев во една просторија. Не беа на лидерска ниту на Совет за…