Пратениците ќе расправаат за автобуската несреќа на Беса Транс во Бугарија и за пожарот во модуларната болница во Тетово

Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Република Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, се на дневен ред на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири.

Total
0
Shares
Поврзани објави