Кузеска: Намалувањето на маржите се покажа како неефективна мерка – ги штити трговците наместо граѓаните

Само неколку недели по воведувањето на владината мерка за намалување на цените на основните производи се покажа дека истата е целосно неефективна. Очигледно оваа мерка ги штити трговците, а не граѓаните. Ова денеска го соопшти портпаролката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Богданка Кузеска, посочувајќи дека се покажа дека голем дел од цените се намалени, некои минимално, а цените на одредени производи дури и се зголемени.

„Оваа мерка се покажа како голема измама на Владата. Еве ги бројките. Во октомври синдикалната кошничка е намалена за само 57 денари во споредба со претходниот месец. Тоа е заштедата на граѓаните за еден месец од мерките на Мицкоски. На едно четиричлено семејство му се потреебни 61 249 денари за основнитее потреби во месецот, додека просечната плата падна за 1 000 денари откако тој стана премиер. Ова покажува дека животниот стандар на граѓаните драстично опаѓа и дека имаат се помалку пари во џебовите“,вели Кузеска.

Total
0
Shares
Related Posts