Лидерската средба во среда? Мицкоски бара тет-а-тет средба со Ковачевски без партиски тимови

До ВМРО-ДПМНЕ се уште не стигнала покана за одржување лидерска средба вели претседателот на партијата Христијан Мицкоски во интервјуто за 360 степени, но како што истакна очекува деновиве да се знае датумот, местото и форматот, односно таа средба да биде само меѓу него и Ковачевски. Неофицијално, лидерската средба би требало да се одржи во среда. Премиерот деновиве рече дека сака да се разговара за одлуките што треба да се донесат поврзани со европската иднина, но според Мицкоски на маса треба да има две опции за разговори, од кои едната е што доколку уставните измени не добијат поддршка.

„На таа лидерска средба имаме две можни опции, едната опција е таа која што ја застапува Владата, односно Димитар Ковачевски а тоа е влегуваме во еден критичен период за државата, тие влегуваат во процесот на уставни измени во парламентот, го најавуваат веќе извесно време и сега едната опција е тој процес да успее. Ние велиме тој процес нема да го поддржиме и според бројките очигледно нема да успее. Така што втората опција е тој процес да не успее.“, вели Мицкоски.

Од СДСМ велат дека оставаат на Мицкоски да одлучи дали на лидерската средба ќе дојде сам или со партиски тим, но додаваат дека она што е важно е да одлучи дали е за единство во продолжување на европскиот пат или ќе продолжи да ја блокира државата.

„Еве ова е шанса ВМРО-ДПМНЕ сега да покаже дека е на страната на државните интереси и ќе ги штити националните интереси и националното единство со тоа што ќе овозможи на државата да остане на патот на европската интеграција. Меѓутоа ако размислиме наназад ќе можеме да дадеме многу примери кои што укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и не многу размислувала за државничките одлуки.“, изјави Даниела Николова.

Најавената средба од премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се очекува да се одржи во среда. На оваа средба Ковачевски очекува да се разговара за одлуките потребни за евроинтеграциските процеси на државата како и за добрососедските односи.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка Илинка Митрева, објави СДСМ.Од партијата изразија сочувство до семејството на…