Лога најави можност за распуштање на Судскиот совет

Министерството за правда бара начин да ги разреши членовите на Судски совет. Таква можност, Лога гледа во законски измени со кои ќе се одземе мандатот на сегашниот состав на советот. Вели дека веќе разговара со политичките партии и очекува поддршка од власта и опозицијата.

„Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите коишто може ние да ги имаме како решение. Тоа што се случи во Судски совет сите нè загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија, за кои разговарам и со политичките партии и со власта, е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело“, вели Кренар Лога, Министер за правда.

Итни измени во Законот за судски совет бара и Врховниот суд. Постојното законско решение покажало низа слабости.

Врховниот суд смета дека едно од решенијата за подобрување на состојбите во Судскиот совет е итно донесување на измени на Законот за Судскиот совет во согласност со новата Стратегијата за реформи на правосудниот сектор и со укажувањата на Европската Унија и на Стејт департментот. Со измените треба да се надминат сите слабости кои создадоа проблеми во практичната примена и оставија простор за различни интерпретации.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи измени кои ќе го одземат мандатот на постојниот состав на судски. Со внатрешните превирања, советот дополнително го намалил квалитетот на судскиот систем.

Total
0
Shares
Поврзани објави