Голем дефект го остави половина Скопје без струја

Регионот на Карпош, Капиштец, Влае, Ѓорче Петров, Матка, Кондово и Сарај утрово се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Прекинот се случи како последица од испад на 110 кВ далекувод од трафостаницата “Скопје 3” до трафостаницата “Запад”.

Поради прекинот на струјата во овој дел од градот, настана хаос и во сообраќајот бидејќи не работеше сообраќајната сигнализација

Од ЕВН посочија дека нивни екипи веќе излегле на терен за да го санираат дефектот.

Поради прекинот на струјата во овој дел од градот, настана хаос и во сообраќајот бидејќи не работеше сообраќајната сигнализација.

Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) утринава информираа дека ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови во Карпош од 9 до 11 часот, кога струја ќе немаат корисниците од булевар „Партизански одреди“ зграда број 165, а од 9 до 14 часот корисниците од дел од улица „Дамаска“.

Ваквата информација Општина Карпош ја објави на својата официјална фејсбук-страница, по што следуваа многубројни коментари од граѓани кои информираа дека без струја останале речиси сите улици во Карпош, а не само наведените од РЦУК.

Total
0
Shares
Поврзани објави