Полицијата трага по Нефи Усеини без распишана потерница

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството и им одреди притвор на бизнисменот и советник во општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и за неговиот брат за тепачката во Охрид, но засега, МВР во делот на потраги на нивната веб-страница нема податок за распишана домашна или меѓународна потерница.

Браќата Усеини се бараат за вооружен напад врз нивниот сограѓанин Спире Топалоски, настан кој се случил завчера пред неговото малолетно дете на паркингот пред хотел во центарот на Охрид, а со оружјето го удирале по главата и тилот.

Притвор е побаран поради опасност пак да го нападнат Топалоски, да влијаат врз сведоците и доказите и поради опасност од бегство.

Полицијата по наредба на Јавен обвинител извршила и претрес во домовите на двајцата осомничени, како и оти се спроведуваат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави