Македонскиот борец Гого Славевски е нов светски шампион во борби без ракавици (ВИДЕО)

Македонскиот борец Горјан Славески е нов светски шампион во велтер категорија во БКФЦ шампионатот, во борбите без ракавици.

Во мечот за светската титула на турнирот во Мајами, Славевски го совлада Џејк Линдзи со едногласна одлука на судиите, уште еднаш покажувајќи ја својата доминација. Македонецот до победата дојде откако очигледно доби три од петте рунди.

Славевски досега во кариерата има шест победи од исто толку борби во ова натпреварување. Патот на Славески до светската титула почна во април 2022 година со триумфот против Рамал Аманов. Потоа пред Македонецот потклекнаа и Џастон Стилс, Далас Дејвисон, Евгениј Курданов, Јосденис Седено и сега Џејк Линдзи.

Total
0
Shares
Поврзани објави