Масакр во Бафало, 18-годишен напаѓач застрела повеќе од десет луѓе во супермаркет

Најмалку 10 луѓе загинаа откако вооружен маж влегол во супермаркет и почнал да пука. Злосторството се случи во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк.

Напаѓачот убиствата ги пренесувал директно на интернет сервисот Твич преку камера што ја поставил на кацигата. Тој бил тешко вооружен, а како што објавуваат тамошните медиуми, имал воена опрема и панцир.

Според неофицијалјните информации најголем дел од жртвите се афроамериканци, а супермаркетот Топс се наоѓа во населба доминантно со црно население.

Полицијата не го откри идентитетот на напаѓачот, но објави дека станува збор за 18 годишно момче кое не е од Бафало , а како што соопшти ФБИ масакрот ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.

Total
0
Shares
Поврзани објави