Мајката на убиениот навивач на АЕК доживеа инфаркт

Мајката на убиениот 29-годишен навивач на АЕК доживеа инфаркт, пренесува грчки „Њузбомб“.

„Срцето на мајката на 29-годишниот Михалис не издржа, кога ја слушна трагичната вест“, пишува порталот.

Во моментот кога и ја соопштиле тажната вест, таа загубила свест и паднала по што веднаш е хоспитализирана.

Пред болницата има силни полициски сили кои ја обезбедуваат зградата, бидејќи во неа се згрижени и повредените навивачи на Динамо Загреб.

Total
0
Shares
Поврзани објави