Меѓу жртвите на нападот во белградското училиште е и една француска ученичка

Меѓу жртвите на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има и ученичка од француска националност, соопшти француското Министерство за надворешни работи, пишува Н1 Србија.

„Со тага дознавме за вооружениот напад што се случи во училиштето ‘Владислав Рибникар’ во Белград, кој предизвика голем број жртви меѓу учениците и наставниците, меѓу кои и ученичка од француска националност. Нашите служби и нашата амбасада во Белград се мобилизирани да ја пружат сета поддршка на семејството на нашата млада сонародничка. Мислиме и на семејствата на жртвите, на кои им изразуваме најдлабоко сочувство, како и на многуте повредени, на кои им посакуваме брзо закрепнување“,објави француското министерство на својата официјална веб-страница.

Француската дипломатија изрази целосна солидарност со српскиот народ и властите, изјавија тие, пишува Н1 Србија. Францускиот весник „20 минути“ објави дека меѓу жртвите на нападот во белградското училиште има и еден француски ученик.

Триенесетгодишниот К.К. ученик во „Владислав Рибникар“, во средата околу 8 часот со пиштол застрела и уби осум ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето. Во пукањето се ранети уште шестмина ученици и наставничка, кои со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар на Србија, каде на дел од нив се извршени оперативни зафати.  

Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица, која како што рекоа од полицијата, изгледала како да е од видео-игра или хорор-филм.

Total
0
Shares
Поврзани објави