ВМРО-ДПМНЕ бара итно повлекување на предлог ДУП-от за Расадник

Локалната организација на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода денеска организираше протест за да изразат незадоволство и револт против предлог ДУП за новата населба во Расадник, со кој се предвидува да се озградат 120 згради , од кои најголемиот дел тринаесеткатници.

Претседателот Иван Живковски рече дека  предлог планот не предвидува никаква зелена површина и ако се усвои ќе се закочи во целост функционирањето на овој дел од градот, во кој што и онака владее безредие, владее урбан хаос.

„Општината буквално не презема ништо за регулирање на овие проблеми на граѓаните. Од евентуалното донесување на овој фамозен предлог ДУП би се населиле во новата населба повеќе од 20.000 граѓани,20.000 граѓани кои треба да гравитираат околу општината, 20.000 граѓани кои што ќе треба да влезат преку овие инфраструктурни патишта кои ги имаме во моментот и на тој начин би се блокирал и онака веќе постоечкиот хаос кој што владее веќе одамна во Кисела Вода“, изјави Живковски.

Тој  не е против урбанизација, меѓутоа не на ваков начин и не во ваква форма.

„Најважното е да се каже дека со евентуалното изгласување на ваквиот предлог ДУП ќе придонесе за и онака загадениот воздух во овој дел на градот да биде уште поголем затоа што ќе спречи циркулација на воздухот од околните планински превои, вели Живковски.

Total
0
Shares
Поврзани објави