Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите кои имаат докази во однос на обвинувањата на СДСМ дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколува институционалните процедури и ја злоупотребува својата позиција, да му се обратат лично него.
СДСМ, објавија документи за кои тврдат дека покажуваат дека Меџити се обидувал да влијае на предмети во животна средина, а тоа според нив на некој начин отвара сомнеж дека тој создавал прсотор за уцени кон фирми и граѓани.
Ваквите тврдења ги поткрепија со одлука на управниот инспекторат, од каде со решение, официјално, ги одзеле ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.
Истовремено, антикорупциската комисија предупреди дека вработувањата во јавната администрација не смеат да бидат предмет на политички договори, туку треба да се спроведуваат согласно со закон.