Физичко следење и лажни извештаи денеска од собраниска говорница објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Тој приложи и документи со кои како што вели премиерот лица со кодно име „Цилиндар“ и „Џокер“ го следеле него и неговото семејство.
Она што го цитираше Мицкоски од извештајот него го класифицирале како финансиер на пара-полициско воена вооружена формација која има за цел дестабилизација на Македонија.
„Изворот Цилиндар вели дека јас сум виден со две женски особи на Водно, како пешачам, иако не е вистината оваа информација и замислете го ова тие ми презентирале информации од мој политички интерес, а додека пешачам изворот „Цилиндар“ мене ме покривал. Исто така пред избори но сега во 2021 година, изворот сега го добива името „Џокер“ вели дека во манастирот Св. „Јован Бигорски“ мојата средба со припадници на Патриотско друштво не била случајна тоа било средба која ја сум ја остварил со овие припадници за да ја нарушуваме безбедноста и стабилноста на Македонија рече премиерот
Мицкоски посочи дека наместо институциите да се занимаваат со безбедноста на Македонија тие се занимавале со негово физичко следење.