Момчето од Тетово кое почина од ковид , не реагирало на терапијата

Во градот кој е моментно најзагрозен од ковид-19 има шест нови смртни случаи, меѓу кои најспецифичен е тој со младото момче кое не реагирало на терапијата, иако 10 дена се лекувало во тамошната болница

Момчето на 21 година починало ноќеска, по околу 10 дена лекување во тетовскиот ковид центар. Пациентот бил хоспитализиран на на 15 август, а карактеристична при болничкото лекување била отпорноста кон терапијата.

Координаторот во ковид -центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини, соопшти дека момчето немало хронични болести. Лекарите се сомневаат дека во овој случај можеби станува збор за некој синдром, затоа што младиот пациент воопшто не реагирал на терапијата.

Пациентот беше примен во многу тешка општа состојба. Во неколку наврати го посетуваа лекари од Скопје, кои дојдоа и ден пред да почине. Беше на антивирална терапија по најновите протоколи, но, за жал, беше резистентен на терапијата. По официјални анамнестички податоци што ги имаме, се работи за лице без никакви коморбидетети. Неофицијално, по претпоставка, се сомневаат за некаков синдром, според искуството на лекарите“,

изјави Нуредини.
Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Гори над Гари

Веќе неколку дена не стивнуваат пожарите на планината Стогово, непосредно над мијачкото село Гари На социјалните мрежи се…
Повеќе

Кавга во Собранието – пратениците од СДСМ ги искинаа заклучоците на Мизрахи според кои одговорни за Онкологија се Венко Филипче и Нино Васев

Претседателката на собраниската Анкетна комисија за скандалот во Онкологија Рашела Мизрахи на денешната седница ги претстави заклучоците од…