МОН препорача онлајн настава кога има дојави за бомби

Поради дојавите за бомби кои со месеци го блокираат образовниот систем во земјава основните и средните училишта добиле препораки од МОН во деновите кога ќе добијат заканувачка порака за поставена експлозивна направа, наставата да ја продолжат онлајн.

Според насоките дадени од ресорното министерство на учениците би им се дало време од еден час да се вратат дома и да се вклучат на настава која би се спровела по електронски пат се со цел да не се губат часови.

Вчера и родителите добија порака во која се бара од нив да ги проверат профилите на своите деца на тимс платформата на која онлајн настава се следеше и за време на пандемијата од корона вирусот.

Во дописот кој МОН го испратил до основните и средните училишта биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.

Хибридната војна не стивнува, а жртви се најмладите и образовниот систем. Изминатите два дена во училиштата низ земјава пристигнаа над 100 електронски дојави со закани за поставени експлозивни направи.

Надлежните веќе шест месеци немоќни да откријат кој си поигрува со системот и ги исцрпува државните институции кои секојдневно спроведуваат антитерористички проверки.

Експертската јавност смета дека целта на ваквите лажни дојави за бомби е да се направи штета на државата.

Премиерот Ковачевски пак од собраниската говорница мотивот за сајбер нападите го препиша на конфликтот во Украина иако истакна сомнеж како променетите електронски адреси на институциите веднаш станале достапни за испраќачите на лажните дојави за бомби.

Eдна од пораките кои стигнаа на електронска адреса се бараше симнување на СДСМ од власт.

Total
0
Shares
Поврзани објави